Достапни линкови

logo-print

Потона брод во Егејско Море


Педесет и осум луѓе загинаа откако брод со стотина илегални имигранти денеска потона во Егејско Море во близина на градот Мендерес, во турскиот округ Измир.
Претставникот на локалните власти на Мендерс, Тахсин Куртбејоглу изјави дека 45 луѓе, меѓу кои капетанот и неговиот помошник, се спасиле.
Бродот потонал на околу еден километар оддалеченост од брегот.
Имигрантите кои успеале да се спасат се државјани на Сирија и на Ирак.
XS
SM
MD
LG