Достапни линкови

logo-print

Странскиот персонал на „Спасете ги децата“ протеран од Пакистан


Пакистанските власти го протераа странскиот персонал на хуманитарната група „Спасете ги децата“. Одлуката најверојатно е поврзана со сомневањата на Владата дека добротворната организација им помогнала на американските шпиони во ловот на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Пакистанските власти им наредиле на шест странски работници да го напуштат Пакистан во следните две недели. Медиумите соопштуваа дека „Спасете ги децата“ ги помогнала средбите меѓу американските агенти и пакистанскиот лекар, кој и помогна на Централната разузнавачка агенција да го најде бин Ладен. Тој беше убиен од страна на американските специјални сили во мај 2011 година. „Спасете ги децата“ се активни во Пакистан 30 години. Во Организацијата се вработени околу 2.000 Пакистанци.
XS
SM
MD
LG