Достапни линкови

И Бугарија со „црвени линии кон соседите“


Бугарската Влада усвои извештај врз база на кој треба да се донесе документ за определување на основите на бугарската политика кон соседните држави.
Како што изјавил бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов, причината за подготовка на таков документ била потребата по петгодишното членство во ЕУ и осумгодишното членство во НАТО да се определат трајно бугарските интереси и видувања во односите на соседите.
„Бугарија е отворена за сите свои соседи и го подржува проширувањето на Европската унија, но нема да дозволи никому да се плетка во нејзината историја и идентитет, изјавил шефот на бугарската дипломатија Никола Младенов.
Како што објавуваат денеска бугарските медиуми, на седницата Владата усвоила предлог што ќе биде доставен во Парламентот со кој се бара да усвои документ во кој ќе се одредат основите на бугарската политика кон соседите.
Младенов истакнал дека документот исто така треба да содржи некои „црвени линии“ кои нема да можат да бидат преминати во билатералните односи.
Прашањето со историјата на Македонија било посочено како една таква црвена линија во однос на нашата држава, но сепак не било директно именувано од бугарскиот министер Младенов.
XS
SM
MD
LG