Достапни линкови

Груевски - добро искомбинирана посета на САД


Со презентацијата на можностите за инвестирање во Македонја пред 80 компании во Атланта владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски ја заврши бизнис презентацијата во САД.
Како што јави МИА, премиерот од денеска продолжува во Шарлот, каде што ќе присуствува на конвенцијата на Демократската партија на која треба да биде потврдена кандидатурата на Барак Обама за нов претседателски мандат.
Според премиерот, посетата на САД е добро искомбинирана со политички и економски средби.
XS
SM
MD
LG