Достапни линкови

Еврозона: Се очекуваат анти кризните мерки на ЕЦБ


Марио Драги

Марио Драги

Денеска се очекува Европската Централна Банка да објави нови мерки за борба против должничката криза во еврозоната.
Претседателот Марио Драги изјави дека Банката е подготвена на се за да го заштити еврото. Станува збор за откуп на државните обврзници од проблематичните земји како Шпанија и Италија.
Овој план има силни противници, пред се, во Германија каде многу политичари се противат на како што се наведува печатењето пари.
XS
SM
MD
LG