Достапни линкови

При експлозија во Западна Турција загинаа 25 војници


Си Ен Ен Турк - архива

Си Ен Ен Турк - архива

Дваесет и пет војници загинаа, а четворица се повредени во експлозија што се случи синоќа во складиште за муниција на турската армија во близина на градот Афионкарахисар, во истоимената покраина во Западна Турција, соопшти денеска Генералштабот на турската армија Како што пренесоа пренесуваат турските телевизии Си-Ен-Ен-Турк и НТВ по експлозијата избувнал голем пожар и постои опасност од нови експлозии.
Во соопштението на турската армија се наведува дека засега не е утврдена причината за експлозијата, но дека веројатно станува збор за некаков дефект на муницијата.
XS
SM
MD
LG