Достапни линкови

Путин леташе со жеравите


Рускиот претседател Владимир Путин, облечен во бел костум со цел да имитира жерав, вчера леташе со мало лесно моторизирано летало на полуостровот Јамал заедно со загрозениот вид птица сибирскиот бел жерав.

Мисијата на Путин имаше за цел да им го покаже на младите жерави, кои не биле испилени во природа, нивниот миграциски пат.

Путин го посети истражувачки центар Кушавет на својот пат кон Азиско Пацифичкиот самит кој ќе започне утре во Владивосток.

Тоа е најновиот меркетиншки потег на Путин со кој покажува грижа за животните.

Тој претходно беше сниман како со пушка за успивање стрела сибирски тигар, или како позира со поларна мечка.
XS
SM
MD
LG