Достапни линкови

Чешкиот парламент го отфрли пакетот на владата за штедење


Чешкиот премиер Петр Нечас

Чешкиот премиер Петр Нечас

Пратеничкиот дом на чешкиот парламент, по повеќечасовна бурна дебата, го отфрли новиот пакет мерки за штедење и за зголемување на стапката на ДДВ, со кои владата на Петр Нечас се обидува да ги консолидира јавните финансии.
Законот за зголемување на ДДВ за 1 насто, како и предлогот за т.н. солидарен данок за оние што имаат плата поголема од 4.000 евра, претходно не беше прифатен ни од сенатот на парламентот.
Деновиве и претседателот на Чешка Вацлав Клаус, кој е основач на партијата на Нечас, го критикуваше планот на владата, нарекувајќи го самоубиствен за стопанството.
XS
SM
MD
LG