Достапни линкови

logo-print

Папата ќе се вози со електричен автомобил


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт 16-ти во градините на својата летна резиденција во Кастел Гандолф ќе се вози во својот прв електричен автомобил, прилагодениот бел „рено кангу“.
Бенедикт веќе го нарекуваат „зелен папа“, поради неговата грижа за зачувување на животната средина. Тој и во своите енциклики пишува за потребата за заштита на Божјото дело и на тоа прашање му посветува големо внимание на своите патувања во странство и во годишните пораки за мир.
Под негов надзор, Ватикан постави соларни ќелии на својот главен аудиториум и се приклучи кон проектот за обновување на шумите.
XS
SM
MD
LG