Достапни линкови

Ромпуј -Продолжува процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан


Средба на претседателот Ѓорге Иванов и Херман Ван Ромпуј претседател на Советот на Европската Унија, Брисел.

Средба на претседателот Ѓорге Иванов и Херман Ван Ромпуј претседател на Советот на Европската Унија, Брисел.

Претседателот на Европската унија Херман ван Ромпуј денеска изјави дека продолжува процесот на проширување на ЕУ, особено кон Западен Балкан, што останува еден од приоритетите во неговата работа.

„Проширувањето продолжува, особено во регионот на Западен Балкан, каде сите земји ја имаат желбата еден ден да станат дел од ЕУ и европското семејство“, рече Ромпуј во говорот пред амбасадорите на 27-те земји членки, на годишната конференција во Брисел.

Преговорите меѓу ЕУ и Турција за приклучување на земјата кон ЕУ „практично се блокирани“ заради спорот за кипарското прашање, додаде тој.
Ромпуј побара од ЕУ и Турција да ги поддржат „интензивните контакти“.
Од јули, кога Кипар го презеде претседателството со ЕУ, Анкара ги бојкотира сите средби со ЕУ на високо ниво.
XS
SM
MD
LG