Достапни линкови

logo-print

Силен земјотрес во Костарика, можност од цунами


Земјотрес со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на Костарика, предизвикувајќи тревога за појави на цунами во Централна и Јужна Америка. Властите во Костарика засега потврдија дека се случило силен земјотрес кој го погодил главниот град. Пацифичкиот Центар за предупредување од цунами издаде предупредување за Костарика, Панама, Никарагва, Ел Салвадор, Хондурас, Мексико, Колумбија, Еквадор, Гватемала и Перу.
XS
SM
MD
LG