Достапни линкови

logo-print

Бил Клинтот ќе го номинира Обама за претседателски кандидат


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон вечерва треба формално да номинира Барак Обама за втор мандат како претседател на САД на националната конвенција на Демократската партија во Шарлот, Северна Каролина.

Клинтон, која го надгледуваше американскиот економски раст во 1990-тите, се очекува да го претстави Обама како најдобро квалификуваниот кандидат да го врати растот на американската економија. Првата дама Мишел Обама, кој синоќа се обрати на конвенцијата го пофали Обама како човек на кој може да му се верува.

Тридневната конвенцијата треба да кулминира утре кога Обама и Џо Бајден треба да ги прифатат номинации за кандидати за претседател и заменик-претседател.

Обама на изборите закажани за 6 ноември ќе се соочи со републиканскиот кандидат Мит Ромни.
XS
SM
MD
LG