Достапни линкови

Капетанија без капетан, кој е одговорен за безбедна пловидба?


Пристаниште во Охрид.
Пристаниште во Охрид.

Три години по бродската несреќа во која загинаа 15 бугарски туристи во Охридското Езеро не е преземено ништо посериозно за подигнување на безбедноста на водниот сообраќај во внатрешната пловдба, велат експертите од оваа област.

И по три години од бродската несреќа во водите на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот Илинден загинаа 15 бугарски туристи, ништо посериозно не е преземено од страна на надлежните институции во Република Македонија во поглед на подигнување на нивото на безбедноста на водниот сообраќај во внатрешната пловдба, велат експертите од оваа област.
Иако сезоната веќе поминува, сè уште не е поставен прв човек на Капетанијата на пристаништата, кој треба да биде надлежен и одговорен за реализација на неопходните мерки и активности на сите настани што можат да доведат до загрозување на безбедноста на внатрешната пловидба.
Томислав Тунтев, експерт за сообраќај и безбедност во сообраќајот.

Томислав Тунтев, експерт за сообраќај и безбедност во сообраќајот и професор на Универзитетот Свети Климент Охридски во Битола, вели дека не е изработен и не е донесен ниту еден нов подзаконски акт од неколкуте неопходни легислативни документи што ја одредуваат безбедноста на внатрешната пловидба – пловни патишта, пристаништа, безбедна пловидба, навигација, комуникација, пловен персонал.
Потонатиот брод Илинден во Охридското Езеро.
Потонатиот брод Илинден во Охридското Езеро.

„Иако сезоната веќе поминува, сè уште не е поставен прв човек на Капетанијата на пристаништата, кој треба да биде надлежен и одговорен за реализација на неопходните мерки и активности на сите настани што можат да доведат до загрозување на безбедноста на внатрешната пловидба“, вели професор Тунтев за Радио Слободна Европа.
Тоа беше опомена поради која многу работи требаше да ги смениме. Не што немаме унапредување во делот на регулацијата, туку имаме и назадување во целата работа. Тој однос на централната власт кон Охрид се гледа и во тоа. Несериозен однос имаме и со обезглавување на капетанијата без капетан.
Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

Зоран Гилевски, капетан на бродот Александрија, вели оти е крајно време да биде поставен капетан на Охридската капетанија.

„Дали е крајно време да се постави капетан? Па да, потребно е. Би било подобро што што побрзо да се постави човек кој има познавање од областа на пловидбата, кој е експерт од таа област“, вели Гилевски.

Охридскиот градоначалник Александар Петрески вели дека бродската несреќа требаше да биде опомена некои работи да се променат од корен, но оти тоа не се случило.

„Тоа беше опомена поради која многу работи требаше да ги смениме. Не што немаме унапредување во делот на регулацијата, туку имаме и назадување во целата работа. Тој однос на централната власт кон Охрид се гледа и во тоа. Несериозен однос имаме и со обезглавување на капетанијата без капетан“, вели Петрески.

Инаку во Охрид 3-годишнината од најголемата бродска несреќа на Балканот здружението 5-ти септември ја одбележа со повеќе свечености. Kај Спомен-паркот на загинатите на Градскиот кеј беше положено свежо цвеќе, а се одржа и комеморативна средба. Општина Охрид на двете лекарки од Србија, Гордана Димитриќ од Нови Пазар и Жаклина Спасиќ од Параќин, кои случајно се најдоа на местото на несреќата им додели благодарници за храброста.

За предизвикување тешки дела по безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, капетанот на бродот „Илинден“ Сотир Филески и Бранко Баиќ, претставник на германската компанија Лојд, кој го извршил техничкиот преглед на пловилото, беа прогласени за виновни и им беше изречена казна затвор од по една година. Бугарскиот амбасадор во Скопје, Иван Петков рече оти како народ не биле задоволни од пресудата.

„Кај нас има големо разочарување и мислење дека пресудите се многу мали за едно вакво дело. Понатаму какви мерки ќе бидат преземени за расчистување на проблемот и постигнување на решение кое ќе биде во сооднос со тежината и сериозноста не делото не можам да кажам бидејќи јас сум дипломат, а тоа е работа на судиите. Во интерес на Охрид кој е туристички град е кон ова што се случи да се има посериозен пристап и да се гарантира дека таква трагедија повеќе нема да се случи“, рече Петков.

Бродот „Илинден“ потона во 10:33 часот. Се преврте и потона на околу 200 метри од брегот кај автокампот „Елешец“. 56-те туристи од соседна Бугарија со „Илинден“ пловеа на излет во Свети Наум.
XS
SM
MD
LG