Достапни линкови

САД - Иран да не го користи ирачкиот воздушен простор


Сенаторот Џо Либерман.

Сенаторот Џо Либерман.

Тројца американски сенатори го предупредија премиерот на Ирак Нури ал-Малики да не дозволи Иран да го користи ирачкиот воздушен простор за да испорача оружје и опрема на Сирија. Сенаторот Џо Либерман изјави дека неуспехот на Ирак да се запрат летовите може да ги загрози односите на Багдад со САД, како и да ја доведе во прашање американската помош за Ирак. Нивните коментари дојдоа откако Њујорк тајмс објави дека Иран продолжува да доставува опрема за режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад користејќи го ирачкиот воздушен прпстор. Ирачките власти велат дека од Иран добиле објаснување дека тие доставуваат хуманитарна помош и дека обврска на Вашингтон е да се докаже дека иранските пратки содржат оружје. Либерман изјави дека Вашингтон не верува во тврдењето на Иран.
XS
SM
MD
LG