Достапни линкови

logo-print

Канал 103 со концерт за поддршка на Пуси рајот


Концерт за поддршка на Пуси рајот во Скопје во организација на Канал 103, постер.

Концерт за поддршка на Пуси рајот во Скопје во организација на Канал 103, постер.

Под мотото „Ум за владетелот, слобода за непослушните“, утре од 17 часот, кај Гемиџиите, на Кејот на Вардар во Скопје, Музичкото радио Канал 103 организира концерт за поддршка и за ослободување на девојките од рускиот панк бенд „Пуси рајот“. Ова наедно е нивни протест против сите авторитативни режими, репресијата и нехуманата спрега на власта и организираните религии.

Македонските состави БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА, СЕТСТАТ, КАНТОН 6, ПОДЗЕМЕН ЕФЕКТ и ГАЛАТЕА ќе настапат на слободниот концерт што Музичкото радио Канал 103 го организира за поддршка на руската феминистичка панк група „Пуси рајот“. Три девојки од оваа група неодамна беа осудени на по две години затвор, а останатите се прогонувани по Русија поради нивниот ненајавен перформанс во Московската црква „Исус спасителот“ со кој го го жигосаа владеењето на Путин и спрегата на власта со религијата.
Мислам дека го имаме тој клеро-фашизам во нашите дворови и треба да го кажеме нашиот глас против тоа. Станува збор за една вулгарна слика која не би требало да биде дел од нашите секојдневни животи. Канал 103 го прави сето ова само поради таа ненормално актуелна и ненормално реална паралела која што може да се повлече помеѓу Русија и Македонија во овој момент.

Сметаме дека никој не смее да биде прогонуван заради спротивно мислење или уметничка форма и затоа го креваме својот глас, не само за нивна поддршка туку и против авторитарните режими, репресијата и нехуманата спрега на власта и организираните религии - забележуваат организаторите на случувањето кое се одвива под мотото „Ум за владетелот, слобода за непослушните“.
Бернајс пропаганда.

Бернајс пропаганда.


„Мислам дека го имаме тој клеро-фашизам во нашите дворови и треба да го кажеме нашиот глас против тоа. Станува збор за една вулгарна слика која не би требало да биде дел од нашите секојдневни животи. Канал 103 го прави сето ова само поради таа ненормално актуелна и ненормално реална паралела која што може да се повлече помеѓу Русија и Македонија во овој момент“, вели Мирко Попов, еден од уредниците и водителите во Канал 103.
Ние како бенд секогаш ја поддржуваме женската присутност во сцената, тој анархо-феминистички аспект, токму она што го презентираат девојките од „Пуси рајот“. Едната од нив е мајка на дете, другите се добри студентки кои едноставно на еден симпатичен и културен начин го изразија она што се случува во Русија, а тоа е диктатура која што од државен комунизам премина во тоталитарен капитализам.

Безмалку со идентичен став е и Васко Атанасовски од БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА, бендот кој не пропушта прилика било во земјава или на многубројните концертни настапи по Европа, со енергија на која може мнозина да им позавидат, гласно и јасно да ги каже сопствените слободномислечки идеи и погледи на реалноста.

„Ние како бенд секогаш ја поддржуваме женската присутност во сцената, тој анархо-феминистички аспект, токму она што го презентираат девојките од „Пуси рајот“. Едната од нив е мајка на дете, другите се добри студентки кои едноставно на еден симпатичен и културен начин го изразија она што се случува во Русија, а тоа е диктатура која што од државен комунизам премина во тоталитарен капитализам.“

На забелешките по социјалните мрежи дека во земјава се случуваат куп други нешта на кои Канал 103 досега не нашол за потребно да реагира, Попов со појаснување дека Радиото не може да биде одговорно за „сите несреќи што се случуваат по светот“ и „дека не е организација која е задолжена за протести, туку медиум кој делува според сопствените наоѓања“.

„Ние ги согледуваме интересите и суштината на настаните кои се случуваат и одредуваме кои битки директно ќе ги биеме. Се разбира дека ги поддржуваме сите добри борби и сите причини заради кои некои луѓе би можеле да се борат, но не би можеле да ги организираме сите можни протести и настани.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG