Достапни линкови

logo-print

Ердоган -Сирија стана терористичка држава


Tурскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Tурскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад создала „терористичка држава“, изјави денеска турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган денеска зборуваше за Сирија со членовите на неговата Партија на правдата и развојот, додавајќи дека се повеќе се интензивираат масакрите во Сирија.
Анкара имаше добри односи со режимот на Асад, но Ердоган стана еден од најголемите критичари на сирискиот претседател по бунтот кој почна пред 17 месеци.
Турција се обидува да се справи и со бранот бегалци од Сирија. Во моментот во Турција има околу 80 илјади сириски бегалци.
Официјална Анкара го обвинува режимот на Асад дека доставува оружје за сепаратистите од Курдската работничка партија (ПКК).
XS
SM
MD
LG