Достапни линкови

Ромпуј -Решете го прашањето за името и ќе ја постигнете целта


Средба на претседателот Ѓорге Иванов и Херман Ван Ромпуј претседател на Советот на Европската Унија ,Брисел.

Средба на претседателот Ѓорге Иванов и Херман Ван Ромпуј претседател на Советот на Европската Унија ,Брисел.

Ќе ја постигнете целта, откако ќе го решите прашањето за името со Грција. Ова е пораката која на македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска му ја испрати првиот човек на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, јавува дописникот на МИА од Брисел.

„Ги поздравувам досега спроведените реформи во Поранешната југословенска Република Македонија и ги охрабрив напорите во врска со слободата на изразување, изборната реформа и меѓуетничките односи. Внатрешната стабилност и помирувањето за ПЈРМ, но и за регионот, остануваат најважни сегменти. Затоа сакаме целосна имплементација на Охридскиот договор и силно го поддржуваме духот и словото на овој договор, кој е од есенцијално значење за демократијата и владеењето на правото“, изјави претседателот на Европскиот совет по средбата со Иванов.

Претседателот Иванов на Ван Ромпуј му ги пренел очекувањата во Македонија дека се што досега е постигнато ќе биде нотирано во октомврискито извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во евроинтеграцијата.

Со завршувањето на средбата со претседателот на Европскиот совет, заврши и официјалната тридневна посета на претседателот на Македонија на Брисел и средбите со највисоките преставници на НАТО и ЕУ.
XS
SM
MD
LG