Достапни линкови

Нападнат воен конвој во Ингушетија, 5 жртви


Најмалку пет руски војници загинале, а еден е повреден во нападот врз нивниот воен конвој во руската кавказска република Ингушетија. Официјални лица изјавија дека војниците започнале специјална операција за лоцирање и апсење на напаѓачите кои ги фатиле нивните колеги во заседа во областа Сунза. Државната руска новинска агенција РИА Новости соопшти дека напаѓачите оставиле експлозиви на местотo каде поминувал конвојот, а потоа пукалe на конвојот. Секоја година умираат по десетици луѓе во насилство меѓу милитантите и безбедносните сили во Ингушетија.
XS
SM
MD
LG