Достапни линкови

Шојбле- Грција сигурно ќе остане во еврозоната


Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска изјави оти Грција сигурно ќе остане во еврозоната, но оти нема да има трет спасувачки план.

„Грција има амбициозна програма за реформи, која треба да ја исполни. Меѓународните напори за помош на земјата се такви што не можеме да правиме нова програма за помош на Грција“, истакна Шојбле.

Тој повтори дека новата транша од одобрената помош ќе биде деблокирана по објавувањето на извештајот на тројката кредитори за напредокот на Атина. Извештајот на Европската централна банка, на Европската унија и на Меѓународниот монетарен фонд треба да се објави во текот на месецот.
XS
SM
MD
LG