Достапни линкови

Најмалку 19 жртви од бомбардирањето во Алепо


Најмалку 19 луѓе се убиени во бомбардирањата на сирискиот режим во Алепо, соопшти проопозициската сириска обсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Во Алепо веќе два месеци траат борбите меуѓу владините сили и бунтовниците. Сириската државна телевизија цитираше висок воен офицер кој изјавил дека владините сили ќе го преземат градот за 10 дена.
Меѓународниот претставник за Сирија Лакхард Брахими денска изјави дека бројот на жртви во Сирија е запрепастувачки и оти уништувањата од војната се катастрофални.
Министрите за надворешни работи на Арапската лига денеска треба да дискутираат за кризата во Сирија на состанокот во Каиро.
XS
SM
MD
LG