Достапни линкови

Јаневски - Имаме противигра за Хрватска


Чедомир Јаневски, нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.

Чедомир Јаневски, нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.

Хрватска има добар тим, но има и свои слабости и ќе работиме колку што можеме повеќе за да ги искористиме, вели селекторот на фудбалската репрезентација Чедомир Јаневски.

Македонската фудбалска репрезентација задутре ќе почне нов циклус квалификации, овој пат за СП во Бразил. Во нив влегуваме како убедливо најслаби во групата во која се и Хрватска, Србија, Белгија, Велс и Шкотска, па според многумина, освојувањето на за нас досега ненадминатото четврто квалификациско место, ќе претставува голем успех. Затоа речиси никој не говори за конечниот пласман, а селекторот Чедомир Јаневски, кој на кормилото ќе дебитира задутре во Загреб, изјавува:
Амбиции имаат сите репрезентации и ние имаме амбиции. Тоа значи што е можно повеќе бодови да освоиме во оваа група и да видиме после 10 натпревари на кое место ќе бидеме. Не можам да кажам каде ни е местото, туку можам да кажам дека ќе работиме добро, ќе направиме добра организација и ќе одиме на секој натпревар да остваруваме позитивен резултат, а се надевам на нешто највисоко што може во овој момент.

„Амбиции имаат сите репрезентации и ние имаме амбиции. Тоа значи што е можно повеќе бодови да освоиме во оваа група и да видиме после 10 натпревари на кое место ќе бидеме. Не можам да кажам каде ни е местото, туку можам да кажам дека ќе работиме добро, ќе направиме добра организација и ќе одиме на секој натпревар да остваруваме позитивен резултат, а се надевам на нешто највисоко што може во овој момент.“

Слично размислуваат и фудбалерите, за кои ова е нова можност да докажат дека актуелниот катастрофален рејтинг на ранг листата на ФИФА (околу 100-тото место) не е реален одраз на нашиот квалитет.

„Како и во секои квалификации амбициозно влегуваме, затоа што нормално сите ние сме желни за еден успех со репрезентацијата, затоа што на сите нас ни фали тој успех. Секако групата е многу тешка, меѓутоа ќе се потрудиме да освоиме што е можно повеќе бодови. И ќе дадеме сите сè од себе, нов селектор да му помогнеме на него, исто и тој на нас, така да сите заедно како група да покажеме дека навистина тоа не е наше место и јас мислам дека имаме доволно квалитет да парираме со сите селекции“, рече напаѓачот Иван Тричковски.
Да бидат подобри од овие досега што беа. Тоа очекувам, дали ќе се пласираат не е битно, него да тргне. Ова до сега беше ептен за никаде.

Тој, заедно со репрезентативните колеги, првата шанса за потврда на кажаното ќе ја има в петок, на гостувањето кај Хрватска. Таа е репрезентација со највисок рејтинг во групата, но и ривал за кој, според селекторот, имаме противигра.

„Во животот секогаш сум бил оптимист, така и пред овој натпревар. Имаме наша стратегија и идеја како ќе играме во Хрватска. Ги гледавме на неколку натпревари, знаеме дека Хрватска има добар тим, но има и свои слабости. Така што, ќе работиме овие 2-3 дена колку можеме повеќе за да ги искористиме нивните слабости“, додаде Јаневски.

Позитивен резултат во Загреб, но и што е позначајно, успешни квалификации, очекуваат и домашните љубители на фудбалот.

„Да бидат подобри од овие досега што беа. Тоа очекувам, дали ќе се пласираат не е битно, него да тргне. Ова до сега беше ептен за никаде.“

„Очекувам победа во сите квалификациони натпревари. И се најубаво им пожелувам.“

„Очекувам успех. Мислам дека успешно ќе се води репрезентацијата со новиот селектор. Ќе биде во ред.“

„Па најверојатно подобро нешто од претходната кампања. И пласман на СП, нормално. Сигурно имаме сили“, изјавија анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG