Достапни линкови

logo-print

САД и Кина без согласност за Сирија


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Ху Џинтао и со шефот на дипломатијата Јанг Џиечи при што се разговарало за кризата во Сирија и за територијалните спорови меѓу Кина и нејзините соседи околу Јужното кинеско море. Новинските агенции јавуваат дека по разговорите Клинтон изразила разочарување што не била постигната согласност за начините за решавање на сиријскиот конфликт. Вашингтон бара од Пекинг да ја прекине поддршката на режимот на сиријскиот претседател Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG