Достапни линкови

Одбележани три години од бродската несреќа на Охридско Езеро


Бродот Илинден, 05.09.2009.

Бродот Илинден, 05.09.2009.

Со положување цвеќе пред споменикот на Градскиот кеј и комеморативна средба денеска во Охрид беше одбележана тригодишнината од потонувањето на бродот „Илинден“ при што загинаа 15 туристи од Бугарија. Пред паметникот на жртвите се поклонија, меѓу другите, делегации на Општина Охрид, на Амбасадата на Бугарија во Скопје, двете лекарки од Србија кои први им пружија медицинска помош на настраданите во несреќата, како и претставници на Здружението на граѓани „5 Септември“ и граѓани на Охрид.
XS
SM
MD
LG