Достапни линкови

logo-print

Расмусен во посета на Ерменија


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска ја почнува дводневната посета на Ерменија во момент кога ескалираат тензиите меѓу таа земја и соседниот Азербејџан. До тензиите дојде откако азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го помилува азербејџанскиот војник кој во Унгарија беше осуден на доживотен затвор за убиство на ерменски офицер во 2004 година. Унгарија го испорачала осуденикот откако добила гаранции од Азербејџан дека нема да го ослободи. Двете земји веќе три децении се спорат околу Нагорно Карабах, територија во Азербејџан, под контрола на ерменците.
XS
SM
MD
LG