Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун ги осуди властите и опозицијата во Сирија


Генералното собрание на Обединетите нации

Генералното собрание на Обединетите нации

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ја обвини сиријската влада, но и опозицијата за големи кршења на човековите права, вклучувајќи мачења и убиства на затвореници. Во синоќешното обраќање пред Генералното собрание на Светската организација Бан Ки Мун оцени дека конфликтот тргнал во „особено брутален правец“ и оти во тоа би можело да биде вовлечен и целиот регион. Сиријските активисти за човекови права проценуваат дека во судирот што трае од март лани загинале над 23 илјади луѓе, додека над 230 илјади избегале во соседните земји.
XS
SM
MD
LG