Достапни линкови

Изборна победа на сепаратистите во Квебек


Сепаратистичката партија Квебек е победник на парламентарните избори во таа единствена франкофонска канадска провинција. Сепак, според првичните резултати, лидерката на Квебек Полин Мароа ќе биде премиерка на малцинска влада, бидејќи нејзината партија освои само 55 од 125 пратенички места во парламентот на Квебек. Нејзиниот победнички говор беше прекинат во инцидент во кој имало пукање при што една жена била убиена, а друг човек потешко ранет. Според извештаите човекот што пукал при апсењето извикувал „Англија се буди“. Се уште не е јасно дали изборната победа ќе води и до нов референдум за отцепување на Квебек од Канада. Претходните влади на оваа партија одржаа рефендуми во 1980 и 1985 година, но тие пропаднаа.
XS
SM
MD
LG