Достапни линкови

Хилари Клинтон во посета на Кина


Американската државна секретарка Хилари Клинтон и кинескиот министер за надворешни работи Јанг Јеичи во Пекинг.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон и кинескиот министер за надворешни работи Јанг Јеичи во Пекинг.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска се сретна со кинескиот претседател Ху Џинтао во Пекинг. Се очекува да разговараат за Сирија, Иран, Северна Кореја и за територијалните спорови во Јужното Кинеско Море. Пред разговорите, таа рече дека билатералните односи меѓу двете земји се на „солидна основа“.

Претходно таа се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Јанг Јеичи. На заедничката прес-конференција, таа рече дека веќе нема да има проблеми во Јужното Кинеско Море.

Претходно во Индонезија, Клинтон ги повика членките на АСЕАН(Асоцијација на земјите од Југоисточна Азија) да бидат обединети и да донесат кодекс со кој се регулираат поморските територијални спорови. Кина има територијални спорови со четири членки на АСЕАН.
XS
SM
MD
LG