Достапни линкови

Пентагон - Класифицирани информации во книгата за убиството на Бин Ладен


Корицата на книгата „Нималку лесен ден“ за ликвидацијата на Осама Бин Ладен.

Корицата на книгата „Нималку лесен ден“ за ликвидацијата на Осама Бин Ладен.

Книгата „Нималку лесен ден“ за ликвидацијата на Осама Бин Ладен содржи класифицирани информации, соопшти Пентагон. Книгата потпишана од авторот со псевдонимот Марк Овен е дело на поранешен припадник на специјалните морнарички сили „СИЛС“ и треба да излезе во продажба на 11 септември годинава. Портпаролот на Пентагон Џорџ Литл изјави дека при официјалниот преглед на книгата е утврдено дека открива „чувствителни и класифицирани“ информации. Тој по анализата на книгата не кажа каква штета може да се предизвика со објавувањето на информациите во книгата. Адвокатот на авторот Мет Бисонет рече дека е спорно тоа што се бара преглед на книгата пред нејзиното објавување, затоа што авторот не бил правно обврзан да ја даде книгата на преглед во Пентагон.
XS
SM
MD
LG