Достапни линкови

logo-print

Шулц- ЕП сака да ја види Македонија наскоро да стане член на Унијата.


 Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со претседателот на Eвропарламентот Мартин Шулц во Брисел.

Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со претседателот на Eвропарламентот Мартин Шулц во Брисел.

„Разговаравме за односите меѓу Европската унија и Поранешната југословенска Република Македонија. Европскиот парламент секогаш ја поддржува идејата и начинот на кој секоја држава, порано или подоцна, станува член на ЕУ. Има многу проблеми кои заеднички можеме да ги решиме на тој пат“, изјавил претседателот на Eвропарламентот Мартин Шулц по средбата со претседателот Ѓорге Иванов во Брисел.

Претседателот Иванов побарал поддршка за евроинтеграцијата на Македонија. се

„Ние имаме надеж дека одредени позитивни примери на кои Европскиот парламент посветува внимание, како што беше случајот на Словениај и Хрватска, ќе послужат за да се најде решение да не се блокира процесот на евроинтеграции и во нашиот случај со Грција. Тука очекуваме помош и од нашите европратеници и групата “пријатели на Макеоднија” од Европарламентот, за после толку години чекање и четири позитивни пропораки од Европската комисија - да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ“, изјавил Иванов.

Во врска со прашањето за тоа дали Европарламентот има механизам да ја „натера“ Грција да не го блокира влезот на Македонија во ЕУ, Шулц со одговор дека ЕП сака да ја види Македонија наскоро да стане член на Унијата.

„Знаеме со кои пречки се соочува вашата земја, но ја знаеме и ситуацијата на Грција. Новата Влада во Атина се соочува со големи економски и административни проблеми. Јас му посочив на Иванов дека неговата земја е симбол на мултиетничко општество и нам во ЕУ ни давате надеж со тоа“, одговорил претседателот на ЕП.

Со утрешната средба со претседателот на Советот, Ван Ромпуј, Иванов ја завршува официјалната псоета на Брисел и средбите со највисоките европски преставници.
XS
SM
MD
LG