Достапни линкови

Србија- еден починат од Западно-нилска болест


Во Србија една жена починала, а повеќе од 20 луѓе се заразени од вирусот Западен Нил. Според тамошните здравствени власти досега се хоспитализирани 23 луѓе заразени од болеста, а уште 20 чекаат резултатите од тестот, но имаат симптоми кои укажуваат дека е можно да се заразени со Западно-нилскиот вирис. Вирусот кој за првпат е откриени во Уганда во 1937 година се шири со помош на птици и комарци. Не постои познат лек за оваа болест.
XS
SM
MD
LG