Достапни линкови

logo-print

ОН - раст на стапката на невработени млади во светот


Голем дел од светот се соочува со се поголема невработеност на младите, а така ќе биде и во наредните години, прогнозира Меѓународнaта Организација на трудот. Според оваа организација која е дел од ОН, Северна Африка и Блискиот Исток се соочуваат со највисоки стапки на невработени млади.Се очекува стапката во Северна Африка да се искачи на 27,6 проценти следната година, а за Блискиот Исток се прогнозира дека ќе достигне 27 проценти. Латинска Америка и Карибите се очекува да стагнира на 17,5 проценти стапка на невработени млади во следните пет години. Околу 13 проценти од младите во Југо-Источна Азија се моментно невработени. Од МОТ велат дека и таму стапката ќе расте и ќе достигне со 14,2 отсто до 2017 година.
Што се однесува пак до стапката на невработени млади во развиените земји, вклучително и во ЕУ, од МОТ очекуваат стапката од 17,5 колку што изнесува оваа година да се намали под 16 проценти до 2017 година. Во извештајот МОТ апелира владите да потрошат повеќе пари на програми за обука на своите млади граѓани.
„Во време на ограничени јавните финансии, ова може да изгледа како
голем дополнителен товар, но тоа ќе биде помалку од дополнителни трошоци кои доаѓаат со зголемувањето на бројот на млади невработени“, се вели во извештајот.
XS
SM
MD
LG