Достапни линкови

Кукан апелира Албанија да соработува за исполнување на обврските


Едуард Кукан.

Едуард Кукан.

Албанија треба да продолжи да ги исполнува преостанатите обврски, како што е прашањето за одземање на имунитетот и другите закони, чие донесување е со апсолутно мнозинство во Парламентот, со цел да добие кандидатски статус во октовмри, порачал првиот човек на Делегацијата за Југоисточна Европа на Европскиот Парламент Едуард Кукан. Тој денеска во Брисел имаше средба со шефот на албанската дипломатија Едмонд Панарити.
Албанскиот претседател Бујар Нишани вчера побара консензус од пратениците со цел земјата пред донесувањето на извештајот на Европската комисија за Албанија да ги направи потребните реформи кои ги бара ЕУ за да се добие кандидатски статус.
Според него во годината кога Албанија одбележува 100 години од независноста, политичките партии треба да ги усвојат 12-те препораки на ЕУ.
XS
SM
MD
LG