Достапни линкови

Клинтон во Пекинг се сретна со министерот за надворешни работи на Кина


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и министерот за надворешни работи на Кина Јанг Јиечи.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и министерот за надворешни работи на Кина Јанг Јиечи.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Пекинг се сретна со министерот за надворешни работи на Кина Јанг Јиечи. Но по нивната средба нема соопштение. Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Кина во пресрет на разговорите стои дека двајцата соговорници ќе „разменат ставови за кинеско-американските односи и за други прашања од заеднички интерес“. Се очекуваше на средбата да стане збор и за Северна Кореја, Иран и Сирија, како и за спорот на Кина со Јапонија и Филипините за островите во Кинеското Море. Клинтон утре ќе се сретне со кинескиот претседател Ху Џинтао.
Клинтон во рамки на азиската турнеја, веќе ги посети Индонезија и Куковите Острови, а планира да ги посети Источен Тимор, Брунеи и да учествува на Форумот за азиско-пацифичка економска соработка во Владивосток, Русија.
XS
SM
MD
LG