Достапни линкови

Турските сили во август убиле 350 борци на ПКК


Турските сили за безбедност во август убиле 350 борци на Курдската работничка партија (ПКК) во операцијата за ликвидирање на сепаратисти во округот Хакјари, во југоисточна Турција, на границата со Ирак, соопшти весникот „Сабах“.
Во операцијата на силите за безбедност се вклучени околу 2.000 војници, кои успеале да ги блокираат патиштата за бегство на терористите од планината Гоман, каде се кријат.
Во акцијата на војската учествуваат и борбени хеликоптери.
Судирите меѓу армијата и ПКК се зголемија во последните месеци. Турција ги обвинува Сирија и Иран дека ги поддржуваат курдските сепаратисти.
Во југоисточна Турција се активни бунтовниците од ПКК, кои од 1984 година се борат за автономија во југоисточниот дел на земјата, населен главно со Курди
XS
SM
MD
LG