Достапни линкови

logo-print

Врвни светски филмови на Браќа Манаки


74 врвни филмски остварувања од кои дури 28 од македонската кинематографија, се на програмата на годинашното 33-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој под мотото „Продолжи да создаваш“, од 15 до 21 септември, ќе се одржи во Битола.

Битола и урбана Македонија, особено љубителите на седмата уметност, од 15 до 21 септември, ќе живеат како на филм. 33-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во своите девет програмски целини и преостанатите придружни активности, ќе понуди 74 врвни филмски остварувања од кои овојпат дури 28 се од македонската кинематографија.
Ретки се можностите да имаме македонски филмови на отворањето и на затворањето на манифестацијата. Оваа година и тоа се случи и со тоа фестивалот исполнува и една од своите значајни задачи – не само да го промовира македонскиот филм туку и македонската култура и Македонија пошироко.

Ова подразбира дека покрај премиерите на двата македонски филма, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски со кој што свечено ќе биде отворена манифестацијата и „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски со кој ќе биде спуштена завесата и комплетирана официјалната селекција, гледачите ќе можат да видат два македонски наслова меѓу Кратките филмови, тука е и „Берлин проект“ на Иво Трајков во Нови визии, три дела(„Црно семе“ на Кирил Ценевски, „Тетовирање“ на Столе Попов и „Преку езерото“ на Антонио Митриќевски) со кои ќе биде одбележана 65-годишнината на Вардар филм, еден документарец снимен во Битола и одлична селекција на дела во рамките на обемната Македонска панорама.
Според мене ова година имаме едно од најсериозните изданија на фестивалот по однос на квалитетот на програмата и бројот на гостите што ги нудиме. Сè на сè многу возбудливи креативци, многу неверојатни раскажувачи на приказни. Гордо продолжуваме да креираме и да нудиме една нова, свежа седумдневна авантура наречена Интернационален фестивал на филмска камера Браќа Манаки.

„Ретки се можностите да имаме македонски филмови на отворањето и на затворањето на манифестацијата. Оваа година и тоа се случи и со тоа фестивалот исполнува и една од своите значајни задачи – не само да го промовира македонскиот филм туку и македонската култура и Македонија пошироко“, вели Горјан Тозија, претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија.

Тој дополнува дека годинашното издание на фестивалот треба да биде мотивација повеќе за филмските професионалци од земјава позасилено да работат и така во иднина да имаме добри и квалитетни домашни филмови кои ќе бидат релевантни не само денес и во матичната средина, туку и воопшто во времето што надоаѓа.

Лабина Митевска истакнува дека во годината кога завршува нејзиниот мандат како директорка на Фестивалот, со тимот селектори и соработници, успеале да направат една од најсериозните програми досега.

„Според мене ова година имаме едно од најсериозните изданија на фестивалот по однос на квалитетот на програмата и бројот на гостите што ги нудиме. Сè на сè многу возбудливи креативци, многу неверојатни раскажувачи на приказни. Гордо продолжуваме да креираме и да нудиме една нова, свежа седумдневна авантура наречена Интернационален фестивал на филмска камера Браќа Манаки.“

Митевска, како посебности на случувањето ги издвојува и трите специјални разговори со добитниците на награди, во партнерство со магазинот „Капитал“ ќе се одржи тркалезната маса „Како до повеќе и поголеми спонзорства во културата“, тука се и двете работилници на теми „Фотографијата како систем за комуникација“ со Миладин Чоловиќ и „Сè за филмскиот звук“со Томас Гаудер, стрип-изложбата „Дневникот на загубената надеж“ на Александар Сотировски, во Фокусот ќе се најде шведскиот филм, како и промоциите на две филмолошки книги. Особена ексклузивност, како што вели, на Фестивалот ќе му даде и првата конференција на директори на фотографија од Балканот што ќе се одржи во соработка со ИМАГО.

Во конкуренција за престижните награди златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, покрај делата на Митревски и Поповски, овојпат ќе се најдат уште 9 филма како „Ова мора да е тоа место“ на Паоло Сорентино и кинематограферот Лука Бигази, рускиот „Бедуин“ на Игор Волошин и Алексеј Родинов, кинескиот трочасовен „Бел елен поле“ на Ванг Куанан и Луц Реитемаер, полскиот „Во мракот“ на Агњешка Холанд и Јоланта Дилевска и други, а селекторот Благоја Куновски Доре истакнува дека „ќе истрчаат со една добра фестивалска репрезентација во главната конкуренција на 33-то издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.

Од друга страна, Сунчица Уневска, задолжеа за програмата Нови визии забележува дека на четвртото издание од овој избор, ќе бидат претставени пожестоки и поекспериментални филмови кои продолжуваат да ги уриваат востановените граници како „Берлин проект“ на Трајков и српскиот „Смрт на човекот на Балканот“ кои што се целосно снимени во еден кадар.

„Меѓу тие шест филма имаме дела кои на тој начин беа препознаени и на фестивалите добиваа награди кои не се меѓу главните но се навистина многу значајни како – награди за атмосфера и естетика, независна камера и слично.“

Кон ова само уште информациите дека во рамките на Документарната програма, по избор на Евгенија Димитриева, ќе бидат прикажани 10 креативни филмски стории со исклучителен авторски предзнак кои по прв пат ќе бидат прикажани кај нас, дека ќе бидат одржани четири специјални проекции во чест на лауреатите Лучано Таволи(„Убиство по бројки“) и Христијан Бергер („Пијанистка“) и по пауза од 12 години МТВ ќе врши директни преноси од отворањето и затворањето на „Браќа Манаки“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG