Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ:Македонија една од најмалку задолжените земји во Европа


Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа. Нејзиниот долг е половина од државниот долг на скоро сите нејзини соседи, а да не ги споменуваме останатите европски земји чиј долг изнесува и над 100 проценти, реагира ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата на Зоран Јовановски.
Социјалдемократскиот сојуз прави споредба на сегашната состојба на државен долг, кој изнесува 30,3 проценти од БДП со 2008-ма година, кога државниот долг изнесуваше 20,6 проценти. А зошто во 2008 година имавме државен долг 20,6 проценти? Затоа што Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвреме ги исплати задолжувањата на претходната влада на СДСМ, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ претходно оцени дека задолжувањето е се поголемо и ја повика Владата да преземе итни мерки за негово намалување
XS
SM
MD
LG