Достапни линкови

Авганистан- 20 жртви во експлозија на бомба на погреб


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 20 луѓе загинале при експлозија на бомбаш-самоубиец на еден погреб во источниот дел на Авганистан. Полицијата соопшти дека експлозијата се случила во провинцијата Нангархар. Според полицијата бомбата била насочена кон Хамеша Ѓул, гувернер на област, кој е повреден во експлозијата. Шефот на полицијата изјави дека напаѓачот го активирал експлозивот на погреб на еден влијателен племенски лидер. Тој за нападот ги обвини талибанските милитанти. Досега нема коментар од Талибанците за настанот.
XS
SM
MD
LG