Достапни линкови

logo-print

Грција произведува гориво од македонска репка


Илустрација: Полиња со маслодајна репка во Кина.

Илустрација: Полиња со маслодајна репка во Кина.

Грчки компании купуваат маслодајната репка од земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола како суровина за производство на биодизел гориво.

И покрај заладените односи меѓу Македонија и Грција, јужниот сосед од кај нас откупува земјоделски производи. Пример за тоа е маслодајната репка која грчки компании ја откупуваат од земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола како суровина за производство на биодизел гориво. Зголемената побарувачка и цената во просек од 15 денари по килограм ја вратија оваа култура на нивите од пелагонсиката житница, каде претходно со години не се сееше ни за лек.
Со потребата од биолошко гориво пазарот почна да ја бара како култура за производство на биодизел гориво. Од тие причини самата цена на културата се зголеми на пазарот и се појави побарување. Ние ја вративме повторно во производство.

„Со потребата од биолошко гориво пазарот почна да ја бара како култура за производство на биодизел гориво. Од тие причини самата цена на културата се зголеми на пазарот и се појави побарување. Ние ја вративме повторно во производство“, вели Драги Петровски, директор на ЗК „Пелагонија“.

Комбинатот репката ја одгледува на површина од 2,5 илјади хектари и во просек добива род од 4.000 тони годишно, а во индивидуалниот сектор одвај и да има посеано по некоја нива.

„Во 2010 година добивме производство од 3,5 илјади тони и беше извезена во Грција. Во 2011 година оваа култура беше застапена 2,2 илјади хектари, добивка околу 4.000 тони и ја продадовме во Грција. И годинава е застапена, има заинтересираност за откуп пак од Грција. Засега подобра цена наоѓаме на грчкиот пазар“, вели Петровски.

Но, и покрај побарувачката, земјоделците не се решаваат да ги зголемат површините под маслодајна репка зашто глобалното затоплување лошо се одразува врз нејзиниот развој.

„Најголем проблем е раната сеидба. Од 20 август до 15 септември треба да биде посеана. Во овој период обично нема доволно врнежи. Проблем кај оваа култура ни претставува поникнувањето. Доколку покасно поникне, нема можност да ја достигне потребната фаза на презимување. Годинашните услови не беа многу наклонети“, велат од ЗК Пелагонија.

Освен маслена репка, Грција откупува и македонски јачмен и сончоглед.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG