Достапни линкови

logo-print

ОН апелира да се спречи кризата за храна


Трите агенции на ОН задолжени за прашања за храна, денеска издадоа заедничко соопштение во кое апелираат за „брзо и координирано“ делување на светско ниво, за да се избегне поголема криза за храна.
Во заедничката изјава на Организагијата за храна и земјоделство, на Меѓународниот фонд за земјоделски развој и од Светската програма за храна, предупредија дека рапидното зголемување на цената на храната се заканува дополнително да го отежне и така тешкиот живот на милиони луѓе. Големата суша во САД која е главен извезувач на пченка, соја и жита, допринесе за зголемување на цената на храната минатите месеци.
Агенциите на ОН повикаа да им се помогне на посиромашните земји и да се промовира одржливо производство на храна.
XS
SM
MD
LG