Достапни линкови

Во автобуска несреќа во Мароко, 42 жртви


Илустрација

Илустрација

Најмалку 42 луѓе загинале, а 20 се повредени во автобуска несреќа на југот на Мароко, соопштуваат тамошните власти. Автобусот кој патувал од Маракеш до југот на земјата, завршил во провалија длабока 150 метри. Иако не е завршена истрагата, се претпоставува дека сите загинати се државјани на Мароко. Причината за несреќата засега е непозната. Минатата година во сообраќајни несреќи во Мароко загинале повеќе од 4.000 луѓе.
XS
SM
MD
LG