Достапни линкови

Иванов од Расмусен побарал поддршка за излез од статус-кво состојбата на Македонија


Прашањето поради кое сме надвор од НАТО е билатерално и во минатото многу земји и без решавање на билатерални прашања успеале да влезат во Алијансата и во ЕУ, па тоа ни дава и нам надеж дека е можно такво решение. Токму Грција, пред да стане членка на НАТO не ги решила своите отворени прашања со соседите, па сепак станала дел од евро-атлантското семејство, рече претседателот Ѓорге Иванов на средбата со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, во Брисел.
Aко постои волја, постои и начин да се изведе сето тоа, рече Иванов.

Македонскиот претседателот побарал поддршка и совет како да се најде излез од статус-кво состојбата.

Нашата позиција останува јасна. Вашата земја ќе добие покана за членство веднаш штом биде решено ова прашање, изјави генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Брисел.

„Ние донесовме одлука на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, а тоа е дека сме подготвени да и дадеме покана за почеток на пристапни преговори на вашата земја, веднаш кога ќе биде донесено заедничко прифатливо решение за прашањето за името. Ние сме подготвени тоа да го исполниме. Процесот се одвива меѓу Скопје и Атина и одлуката на НАТО во Букурешт беше поддржана од сите членки на Алијансата. Сите одлуки во НАТО се носат со консензус и ни треба согласност од сите членки за почеток на преговори за членство“, изјави Расмусен.
XS
SM
MD
LG