Достапни линкови

Расмусен со непроменет став - името, па НАТО


Архивска фотографија: Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен.

Архивска фотографија: Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен.

Нашата позиција останува јасна. Вашата земја ќе добие покана за членство веднаш штом биде решено ова прашање, изјави генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Брисел.

Ја поздравувам вашата посветеност за продолжување на реформите и цврстата определба да станете дел од НАТО. Силно се надевам дека во најскоро време ќе се најде заедничко прифатливо решение за спорот со името. Нашата позиција останува јасна. Вашата земја ќе добие покана за членство веднаш штом биде решено ова прашање, изјави генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Брисел.
Секој контакт со Брисел носи одредени поени, така да ги наречеме. Така што, мислам дека е важна посетата, некои работи ќе се утврдат на нивото кое е веќе достигнато, а веќе и Брисел мора да бара решение за ќор-сокакот во кој самите се доведоа.

Тој потврди дека иднината на Западен Балкан е во евроатланското семејство, нагласувајќи дека и местото на Македонија е таму.
Претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов.


Инаку македонските евроинтегративни процеси, можноста за нивно деблокирање, тековниот реформски процес во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво и очекувањата на Република Македонија во однос на октомврискиот извештај се централните теми за време на посетата на Иванов и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во Брисел.
Не треба да има никакви дилеми дека тоа мора да биде. Изјавите на претседателот пред сè и повторно од министерот дека нема да се примаат извештаите требаше да го направиме и минатата година во најмала рака.

Пред да замине во Брисел, претседателот Иванов изјави дека очекува позитивен извештај со оглед на, како што рече, постигнатите резултати и напредокот на полето на реформите во земјава. И министерот Попоски неодамна информира дека проценките се дека секоја наредна година Македонија е се поподготвена од претходната и дека очекува објективно да бидат оценети досегашните остварувања на сите одредници од Претпристапниот дијалог на високо ниво.

Што се однесува до решавањето на спорот за името, Иванов вчера изјави дека последната посета и средбите со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун биле до сега најсодржајните во врска со овој проблем и средби на кои биле отворени сите можни прашања и аспекти на спорот, но дека проблемот и натаму останува во другата страна која не покажува подготвеност да се дојде до решение.

Од посетата во Брисел аналитичарите не очекуваат поголеми поместувања, како во поглед на прашањето за името, така и во поглед на нашите шанси за добивање датум за почеток на преговорите. Сепак, поранешниот дипломат Ристо Никовски вели дека секој контакт со Брисел, не треба да се потцени.

„Секој контакт со Брисел носи одредени поени, така да ги наречеме. Така што, мислам дека е важна посетата, некои работи ќе се утврдат на нивото кое е веќе достигнато, а веќе и Брисел мора да бара решение за ќор-сокакот во кој самите се доведоа.“

Претставниците на македонскиот државен врв соопштија дека годинава нема да го примат извештајот доколку биде изоставена придавката македонски. Никовски се надева дека грешката од минатата година ќе биде исправена и дека не треба да постојат дилеми дека нема да биде примен извештајот во кој ја нема одредницата македонски.

„Не треба да има никакви дилеми дека тоа мора да биде. Изјавите на претседателот пред сè и повторно од министерот дека нема да се примаат извештаите требаше да го направиме и минатата година во најмала рака“, вели Никовски.

Во моментот претседателот Иванов има средба со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој во земјава треба да пристигне на 17 септември, за да ги оцени резултатите во петте области кои од нас ги побара Европската комисија. Попладнево Иванов се среќава со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG