Достапни линкови

Над 100 илјади бегалци ја напуштиле Сирија во август


Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека околу 100 илјади луѓе погодени од конфликтот во Сирија ја напуштиле земјата во август и побегнале во соседните земји. Портпаролот на УНХЦР соопшти дека ова е најголема бројка на бегалци од почетокот на побуната против режимот на претседателот Башар ал Асад. Според податоците на агенцијата досега земјата ја напуштиле 235 илјади луѓе.
Во меѓувреме во посета на Сирија е претседателот на Меѓународниот црвен крст Петер Маурер. Тој со сириските власти треба да зборува за рапидното влошување на хуманитарната ситуација во Сирија.
XS
SM
MD
LG