Достапни линкови

logo-print

Поништени тендери чекаат „подобни“ понудувачи


Илустрација: Кампања против корупцијата во Украина.

Илустрација: Кампања против корупцијата во Украина.

Неправилностите во изготвувањето на тендерите се случуваат токму во институциите, односно тендерите се подготвуваат така што однапред се знае кој ќе ги добие, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси интернејшнал.

Прво се радуваше Ка-дис, а Порше Македонија се жалеше, па ситуацијата се смени, сега е обратна, Ка-дис се лути и бојкотира, па не учествува на тендерот затоа што го смета за нелигитимен, а Порше со најниска понуда (односно единствена понуда) се прогласи за победник. Па на ова, несудениот победник на тендерот поднесе барање за издавање на судска привремена мерка, додека полицијата и надлежните органи не спроведат истрага за случувањата и проблемите за време на минатото наддавање.
Поради таквата состојба, ние имаме ситуација да луѓе и компании не сакаат воопшто да учествуваат на тендери, најчесто имаме ситуации кога и нема наддавачи нема заинтересирани кои би учествувале на тие тендери.

Но ова не е инцидент во Македонија, тендерските постапки не ретко се поништуваат со цел да се избере „подобен“ понудувач. Освен полициските возила, во моментов е актуелен и тендерот за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица. Опозицијата се сомнева дека Министерството за финансии намерно ја избрала поскапата понуда. Сомневањето го темелат на податоците дека и двете фирми не ги исполнувале условите, но сепак победник била второрангираната и поскапа грчка фирма.
Со оглед на тој висок процент кој се движи од 20 до 25 проценти од спроведени тендери на годишно ниво постои сериозен сомнеж дали навистина од објективни причини секогаш се поништувани тие тендери.

Слаѓана Тасева од Транспаренси интернејшнал вели дека неправилностите во изготвувањето на тендерите се случуваат токму во институциите, односно така се подготвуваат тендерите со што однапред се знае кој ќе ги добие.

„Поради таквата состојба, ние имаме ситуација да луѓе и компании не сакаат воопшто да учествуваат на тендери, најчесто имаме ситуации кога и нема наддавачи нема заинтересирани кои би учествувале на тие тендери.“

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации вели дека најчестите жалби на фирмите до Комисијата за жалби по јавни набавки се однесуваат на тоа дека биле неправилно исклучени од евалуацијата или дека на тендерот победуваат фирми кои не ги исполнуваат условите од тендерската документација. Но кога станува збор за поништувањето на тендерите, таа вели дека е загрижувачки висок процентот на поништени тендери од самите институции.

„И со оглед на тој висок процент кој се движи од 20 до 25 проценти од спроведени тендери на годишно ниво постои сериозен сомнеж дали навистина од објективни причини секогаш се поништувани тие тендери.“

Кога станува збор за одговорност, Факиќ вели дека институциите и не покажеле дека имаат слух за ова прашање.

„За жал ние како невладина организација низ нашиот мониторинг сугериравме на потребата да се засили контролата во системот на јавни набавки и да се бара одговорност од институциите кои особено често прибегнуваат кон ваквиот начин на условно кажано манипулација и необјективно ги поништуваат тендерите, меѓутоа засега овие наши предлози не се прифатени, така што законот не нуди можност за некакво санкционирање на институциите кои често ги поништуваат тендерите“, вели Факиќ.

Тасева вели дека во други држави постојат мерки и можности да се зголеми независноста на луѓето кои ги водат јавните набавки и да се заштитат од какви било притисоци и да се следи транспарентно спроведувањето на процедурите, но оти е очигледно дека во земјава тоа не им е во интерес на моќниците.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG