Достапни линкови

Иванов во работна посета на Брисел


Macedonia -- UN Secretary General Ban Ki-Moon meet with President Gjorge Ivanov in Ohrid, 25Jul2012

Macedonia -- UN Secretary General Ban Ki-Moon meet with President Gjorge Ivanov in Ohrid, 25Jul2012

Претседателот Ѓорге Иванов е во работна посета на Брисел.Тој денеска и утре во рамките на тридневната посета на Брисел треба да се сретне со највисоките претставници на НАТО и на ЕУ, Херман ван Ромпуј, Андрес фог Расмусен, еврокомесарот за проширување Штефан Филе, како и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. Се очекува разговорите да бидат фокусирани на македонските евроинтегративни процеси, можноста за нивно деблокирање, тековниот реформски процес во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво и очекувањата на Македонија во однос на октомврискиот извештај на Европската комисија.
Иванов на средбите во Брисел ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски.
XS
SM
MD
LG