Достапни линкови

Хезболах му се закани на Израел


Лидерот на Хезболах Хасан Насралах во телевизиско интервју изјави дека шиитски милитанти не располагаат со хемиски оружја но можат да извршат напади врз Израел кои ќе бидат подеднакво штетни за Израел како да се извршени со хемиско оружје, доколку започне војна. Насралах изјави дека во Израел постојат цели кои доколку ги погодат може да ги предизвикаат истите штети како да извршиле напад со хемиско оружје, алудирајќи на израелските нуклеарни реактори. Тој додаде дека нивните рекети се со голем дострел и дека ќе може да ја достигнат секоја мета во Израел.
Во однос на Иран, Насралах не очекува да виде нападнет од Израел но доколку тоа се случи смета дека Исламската република ќе се одмаздува преку таргеирање на американски бази во регионот затоа што ќе ја смета САД за одговорна за настаните.
XS
SM
MD
LG