Достапни линкови

Ѓул го осуди нападот во Шарнак


Турскиот претседател Абдула Ѓул го осуди нападот во југоисточната турска провинција Шарнак, при кој во борбите меѓу турската армија и курдските бунтовници беа убиени десет војници и дваесетина бунтовници, јавуваат новинските агенции. Судирите избувнаа откако членови на Курдската работничка партија нападнаа полициска станица и касарна во градот Бејтушебап. Ѓул изјави дека внатрешните и надворешни поддржувачи на како што ја нарече „ срамна игра“ порано или подоцна ќе сфатат дека си направиле погрешна сметка и ќе бидат казнети.
XS
SM
MD
LG