Достапни линкови

logo-print

Брисел повикува на смирување на страстите во Грузија


Брисел ги повика гризиската влада и опозиција да обезбедат мирна и конкурентна изборна средина. Во соопштението од Брисел во пресрет на парламентарните избори е наведено дека еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон и еврокомесарот за проширување Штефан Филе изразуваат загриженост поради „растечката поларизација на општеството и тензиите“. Во продолжение е наведено дека Грузија и натаму оставува клучен партнер на ЕУ и дека изборите кои ќе се оддржат на 1-ви октомври ќе ги постават темелите на понатамошниот однос. На изборите ќе се судрат партијата на претседателот Микаил Сакашвили и на неговиот противник милијардерот Бидзина Иванишвили.
XS
SM
MD
LG