Достапни линкови

Кениски свештеник обвинет за потикнување насилни протести


Муслимански свештеник во Кенија е обвинет за потикнување на насилни протести минатата недела при кои загинаа 4 лица. Свештеникот се предаде сам во судот во кенискиот град Момбса, откако по него беше издаден налог за апсење. Тој тврди дека е мета на полициска хајка и дека по немирите неговиот живот е доведен во опасност.
Во обвинението против него се тврди дека тој ги поттикнал демонстрантите да ги нападнат христијанските цркви и да ги убијат полицајците. Тој ги негира таквите тврдења. Тој е ставен на американската црна листа поради вмешаноста во терористички активности во сомалиската терористичка група Ал Шабаб.
XS
SM
MD
LG