Достапни линкови

logo-print

Клинтон загрижена за случувањата во Јужното Кинеско Море


Клинтон, на состанокот во Џакарта со индонезискиот министер за надворешни работи Марти Натачегава.

Клинтон, на состанокот во Џакарта со индонезискиот министер за надворешни работи Марти Натачегава.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска повика Кина и земјите од Југоисточна Азија да не ја избегнуваат можноста заедно да работат за решавање на нивните спорови околу Јужното Кинеско Море. Клинтон, на состанокот во Џакарта со индонезискиот министер за надворешни работи Марти Натачегава изјави дека САД имаат „национален интерес“ во обезбедувањето на мир и стабилноста во Јужното Кинеско Море. Таа директно не ја критикуваше Кина, но рече дека е загрижен за одлуката на Пекинг да воспостави свои сили во Јужното Кинеско Море. Клинтон се надева дека Кина и земјите од Југоисточна ќе направат напредок пред самитот на Азиските земји кој ќе се одржи во Камбоџа во ноември. Клинтон утре треба да го посети Пекинг.
XS
SM
MD
LG